Спорт плус
17. April 2023 - 19:54

Порази на македонските борачи на ЕП во Загреб

Разочарувачки вести за македонското борење доаѓаат од Загреб каде се одржува ЕП. Тројцата наши претставници Магомедов, Вејсели и Нуров не успеаја да влезат во потесниот круг за освојување на медал. 
Ахмад Могамедов кој ја претставува Македонија во категоријата до 79 кг успешно стартуваше со убедлив триумф од 8-0 против Станислав Новак од Молдавија но во четврфиналето беше поразен на поени со 5-3 од Коугимцидис од Грција. 
Несреќен пораз во квалификациите доживеа Фати Вејсели во категоријата до 70кг.  Иако македонскиот репрезентативец водеше со  високи 9-2 против Патрик Оленцин од Полска но во финишот ја загуби концентрацијата и дозволи противникот да слави со 11-9. 
Последен во категоријата до 97 кг се претстави Могамедгаџи Нуров  но ги заврши натпреварите во осминафиналето каде на поени со 5-2 беше совладан од Полјакот Барновски.