-->
-->
Македонија ќе се бори за златен медал во две категории
-->

Машкиот кумите тим на Македонија се пласира во финалето на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб, Хрватска.
Екипата на Универзитетот свети Кирил и Методиј со тоа има голема шанса да го одбрани трофејот од претходниот шампионат во Полска.
Денеска по голема борба беше совладана со половина поен предност беше совладана селекцијата на Украина а за македонскиот тим настапија: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Витомир Трајковски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, Димитар Илиевски и Глигор Хаџи Кимов.
Утре и Петар Заборски се бори во финалето за златниот медал против Констатнтин Јаненко од Украина.
Македонските студенти досега освоија 4 медали – бронзи за Давид Петков и Петар Спасеновски во борби, а Петар Заборски и машкиот кумите тим со пласманот во финалето обезбедија веќе сребрени медали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
