ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД
Вашата омилена телевизиска забава продолжува со нова спектакуларна сезона за уште повеќе адреналин, многу смеа и силни емоции. Да ги стиснеме палците за новите музички фаворити кои ќе си ја испробаат среќата во новата сезона и во еден видоизменет сценски амбиент.
Најголемото музичко шоу во регионот и оваа сезона ќе ве разигра и разнежни во добропознатиот термин за комплетно опуштање и уживање. Талентите од целиот регион ќе ги покажат своите вокални способности на грандиозната Грандова сцена, а покрај тоа што ќе треба да ја придобијат наклонетоста на публиката, идните ѕвезди на Гранд прво ќе треба да ги освојат симпатиите на жирито.
Жирито и оваа сезона го сочинуваат најголемите балкански ѕвезди кои ќе ви приредат вечери за паметење со нивните уникатни дискусии и хумор, кои допрва ќе ве оставаат без здив. Покрај добро проверениот жири состав на Ана Бекута, Светлана Цеца Ражнатовиќ, Снежана Ѓуришиќ, Александар Милиќ - Мили и Ѓорѓе Давид, од оваа сезона вистинско освежување ќе донесат и новите членови - Дара Бубамара и Драган Којиќ - Ќеба, кои ќе ја преземат улогата и на ментори за дел од кандидатите.
Нивната задача и овој пат нема да биде воопшто лесна затоа што за учество во најгледаното шоу се пријавија неколку илјади кандидати од сите земји во регионот. Да се избере најдобриот е навистина голем предизвик не само за нив, туку и за целата публика. А во таа потрага, и оваа сезона ќе нè води шармантната и добро позната водителска двојка.
Затоа, бидете подготвени и сместете се удобно. На Ваше огромно задоволство - спектакуларни саботни вечери со најзабавниот регионален ТВ формат. "Ѕвездите на Гранд" само на Сител
Ново на Сител
-

Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати
-

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
-

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела
-

Мицкоски во посета на Граничниот премин Табановце
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Сончево со мала до умерена облачност и ветер
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
