Поскапува водата за пиење во Охрид
Од 1 јануари нова цена на водата во Охрид. Граганите ќе плакаат поскапа вода за пиење која ќе се одрази на и онака нивниот тенок семеен буџет. Поскапувањата на цената на услугите на ЈП Водовод и ЈП Нискоградба, како што посочи советничката од Левица, Аврамоска ќе биде на удар на семејствата и категориите во социјален ризик и побара одговорност за ваквата состојба.
Советниците од опозицијата реагираа за покачувањето, но и за загубите на вода велат греота е Охрид лежи на вода, а грѓаните да плаќаат најскапа вода.
Директорот на ЈП Водовод Охрид, Марјан Ристески истакна дека точно е дека загубата на вода е рак рана на ЈП и таа не е само во Охрид, туку е и македонски и европски проблем, но иако технолошката состојба на јавното препријатие во делот на иновации е на најниско ниво сепак јавното претпријатето, само за една година, направило заштеда на вода.
Од владејачкото мнозинство на советот на општина Охрид велат со проект за замена на броилата, пупмената станица во Метропол, проектот за Свињишки извори ќе се делува во иднина да нема нови покачувања.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
