Македонија
25. October 2023 - 16:35

И поранешните заменик министри за здравство за скандалот на Онкологија слушнале од медиумите

Илир Хасани како заменик министер немал соработка со Венко Филипче а неговиот наследник Владимир Рендевски незнаел зошто Беким Сали го разреши Нино Васев од директор на Онкологија. Двајцата поранешни здравствени функционери за скандалот слушнале од медиумите а на бројни прашања од пратениците во Анкетната комисија не дадоа конкретни одговори бидејќи или немале увид во документација или не биле дел од блискиот кабинентски тим.

-Ревизорскиот извештај за онкологија го прочитав постфестум..ако ме прашувате лично е многу лош, вели Илир Хасани, поранешен заменик министер за здравсдтво.

-За Като системот немав слушнато, знам дека е за контрола на терапија и секако лошо е ако го имаме а не функционира, вели Владимир Рендевски, поранешен заменик министер за здравство

Актуелната заменик министерка за здравство чека потврда дека имало злоупотреби и не планира да поднесе оставка за случај што не е во нејзино време.

-Дали чуствувате одговорност што во ваше време е најголемиот скандал во здравството?

-Кажав дека имало наводна злоупотреба, бидејќи се уште немаме никаква информација за злоупотреби на клиниката за онкологија и она што се сега го дискутираме е на ниво на шпекулации сепак мислам така додека немаме конретни дела, вели Маја Манолева, заменик министер за здравство.

Денешните сведоци на Анкетната комисија имаа прашања и за менањето на стручен колењгиум на Онкологија кој треба да одлучува за терапијата, но и огромните долгови на клиниката. До 3 ноември треба да завршат сите сослушувања по што ќе се знае дали некој ќе понесе политичка одговорност.