МАЛМЕД без конректни одговори на Анкетната за Oнкологија
Ниту целосна документација ниту конкретни одговори од денешните сведоци на Анкетната Комисија за скандалот на Онкологија. Кои веледрогерии вршеле увоз на биолошка терапија, колку контроли биле направени, има ли претставки од онколошки пациенти и какви неправилности утврдила Агенцијата за лекови? Ова се само дел од пратеничките прашања до сегашни и поранешни директори на МАЛМЕД.
-Јас додека сум директор нема барања од Онкологија, оа може било пред една година, две три или четири и тоа треба да се исконтролира и да ви се достави како што барате, вели Лирим Шабани директор на МАЛМЕД
Се борам да стигнам до вистината по секоја цена, но е тешко да се гледаат претставници на институции кои изгледаат како да се обидуваат да избегнат допир со сето она што реално се случило, да добијат амнезија, да не знаат ништо, да одговараат со бенигни генерализирани одговори. Се прашувам има ли луѓе, каде се добрите деца од мојата генерација во оваа држава?, вели Рашела Мизрахи, претседател на Анкетна Комисија
Сведоци беа и директори на МАЛМЕД кои многу краток период биле на функцијата, и не можеле многу работи да спроведат и контролираат.
-Ние не можеме да утврдиме политичка одговорност за толку краток период а ниту стручна кога ги поставуваат политичари. Сведоци сме дека секоја година се менуваат министри кои си носат свои кабинетски тимови и тоа е нездраво за здравството, вели Гордана Силјановска Давкова, пратеник
Иако немаа одговори на голем број прашања, поранешниот директор и сегашен заменик директор нагласи какви лекови има на пазарот.
-Одговорно тврдам како дел од малмед дека лековите кај нас се од проверен квалитет и од реномирани производители, вели Робер Беќировски, поранешен директор на МАЛМЕД.
Утре на седница на Анкетна ќе бидат претставници од ДСЗИ, а во понеделник клучните сведоци од Клиниката за онкологија.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
