Македонија
30. October 2023 - 16:33

Мери Дика избрана за претседател на Апелационен суд - Скопје

Искусен судија, со добри резултати како вршител на должност и неказнувана. Вака Членовите на судскиот совет го образложија изборот на Мери Дика Ѓорѓиева за претседател на скопскиот Апелационен суд.

Доби поддршка од сите присутни членови на седницата. Дика немаше против кандидат. Таа за јавноста стана позната откако беше повикана како сведок во случајот „Меѓународен сојуз“, во кој обвинет беше Боки 13.

Тој тврдеше дека заедно со судијката често патувале во странство. Пред изборот на претседател, судски го прогласи Апелациониот суд за неажурен. Причината, судски ја лоцираше во малиот број на судии. Сепак, велат Дика и како вршител на должноста, успеала драстично да го намали бројот на заостанати предмети.

Наскоро, скопска Апелација ќе добие и нови судии. Во трка за осум судиски места има 47 кандидати. Најголем дел од пријавените се од граѓанскиот и кривичниот суд.

За место конкурирале и судиите кои ги водат предметите за автобуската несреќа кај Ласкарци и Организаторите на 27 април. Судиско место во Апелација бараат и судијките од случајот Рекет и Таргет-Тврдина, а во второстепениот суд сака да замине и судијата кој го води најобемниот предмет Титаник на поранешното СЈО.