Кој треба да одговара во МОН што нема учебници и наставни програми?
Ако до крајот на ноември не се изготват наставните програми не само за 7-мо, туку до 9-то одделение следната учебна година ќе има уште поголем хаос. Опозицијата обвинува дека министерот доцни веќе 4 години со реализирање на новата концепција, за која тие многупати досега бараа да биде укината. Ако на први ноември се уште доцнат 30 отсто од учебниците, прашање е кога ќе ги ипорачаат овие за 7-мо кои допрва ќе се уредуваат.
Одговорност според опозицијата треба да си понесе не само министерот туку сите кои добиле раководна функција за да менаџираат со образованието.
Министерот за образование проби десетина рокови во кои вети дека ќе обезбеди учебници. Последно, рече дека 30 ноември е датумот до кога треба бирото за образование да изготви наставни програми за 7 одделение, во спротивно ќе бара одговорност од директорот. Шаќири тврди дека МОН ги доставиле сите учебници и ќе анализира зошто некои училишта кои ги добиле книгите не ги поделиле на учениците. Се уште трае потрагата по рецезенти за учебникот по историја за 5-то кој беше повлечен поради низа грешки во него.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
