Како има пари за високи функционерски плати а нема за биолошка терапија, реагираат онколошки пациенти
Како има пари за 78 проценти повисоки плати на функциониерите а нема за биолошка терапија за најтешко болните? Овие прашања, дилеми и сведоштва на пациенти денеска пред Анкетната Комисија за скандалот на Онкологија ги пренесоа здруженија кои бараат правда и вистина и се борат за еднаков пристап за болните од рак. Македонка Икономова Давчева како сведок од здружението Љубов сме, вели дека најголемиот проблем и гнев кај членките е немањето на лекови.
-Они ја споредуваат биолошката терапија со вашите 78 отсто што ги качивте и велат, ако они имаат пари сите 120 и оние што ги земаат, зошто ние да ја немаме таа терапија. Да, тоа с емногу пари и можеби нашата држава е сиромашна, ама ние заслужуваме да живееме, вели Македонска Икономова Давчева претседател на здружението Љубов сме
Освен Давчева, пред Анкетната Комисија сведочеше и Даријан Петров, кој пред пратениците раскажа за голготата низ која поминале со неговата мајка која во 2020 ја загубила битката со карциномот. Скандалот што изби бил повод да ја формира граѓанската иницијатива Одговорност а трагедиите на пациентите и нивните семејства покажуваат за колапсот на системот.
-Нема здравствена политика без етика. Значи што ние свативме од трагедијата што се случи, дека уставното право на живот и уставното право на здравствена заштита, кај нас се под знак прашалник, изјави Гордана Силјановска Давкова – пратеник.
Денеска поради обврски иако поканети пред Анкетната Комисија не се појавија нардониот правобранител и претседателката на Лекарска Комора.
Финалето на Комисијата е во петок по што членовите имаат одреден рок да заклучат дали и кој ќе понесе политичка одговорност за скандалот на Онкологија.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
