Македонија
22. November 2023 - 16:38

„Уставна тужба“ за поголема заштита на уставните права на граѓаните

Жителите на Македонија во моментов се единствените во регионот кои не можат да побараат заштита на уставно загарантираното право на здрава животна средина. Немањето уставна жалба, спречува да се тужи за загаден воздух или вода.

„Граѓаните имаат потреба да ги остваруваат своите права пред уставниот суд. За жал, иако Макеоднија беше една од шесте републики на Југославија, остана единствената република која ја нема уставната жалба“, вели Добрила Кацарска, Претседател на Уставен суд.

Животната средина била фокус и на германските граѓани кои токму преку уставна жалба ја задолжиле државата да го спречи загадувањето.

„Една од одлуките на сојузниот Уставен суд е дека мерките кои се преземаат за заштита на климатските услови не смеат да се пренесат на следните генерации. Тоа значи, одговорноста што сега ја имаме во однос на климатските услови не треба да им се пренесе на следните генерации. Ова произлезе токму од уставна жалба поднесена од приватно лице“, изјави Винфирд Шуберт, Претседател на покраински уставен суд – Германија.

Од уставен велат дека на патот на воведување на уставната тужба стои политиката.. Засега, поддршка има само од претседтелот на државата.

„Не знам која е причината и зошто тој отпор да се направи нешто буквално за сите граѓани во државата? “, изјави Кацарска.

„Дискусиите за измена на уставот со цел воведување на уставната тужба завршуваа во партиско-политички пазарања и надмудрувања за сите други прашања кои немаат никаква врска со темата“, изјави Пендаровски.

За воведување на уставната жалба е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.