УСБ-Ц станува универзален приклучок за полнење за сите електронски уреди во ЕУ

Од денеска УСБ приклучокот за полнење од типот Ц станува единствен стандарден приклучок за сите електронски уреди во Европската Унија, согласно Директивата усвоено во 2022 година, а која стапи во сила на 1 јануари 2024 година.
Според Европската комисија, воведувањето на универзален приклучок за полнење ќе значи подобра технологија за полнење и поврзување, помалку електронски отпад и нема загубено време во потрага по соодветен полнач.
Согласно Директивата, УСБ-то тип Ц станува стандарден приклучок за цела палета на електронски уреди, како што се мобилни телефони, таблети, е-читачи, слушалки, звучници, дигитални фотоапарати, конзоли за видео игри, безжични глувци, тастатури и преносни системи за навигација.
Дополнително, сите лаптопи ќе бидат опфатени со новите правила 40 месеци по стапувањето во сила на Директивата.
– Веќе нема да биде потребно да купувате различен полнач секогаш кога купувате нов мобилен телефон или сличен уред, затоа што сите тие ќе може да се полнат со ист полнач, додава Еврокомисијата.
Директивата, исто така, им овозможува на потрошувачите да изберат дали при купување на нов уред сакаат да купат и нов полнач.
– Ова не само што ќе заштеди пари на потрошувачите, туку ќе го намали и електронскиот отпад поврзан со производството, транспортот и отстранувањето на полначите, посочува Европската комисија.
Според податоците на ЕУ, во 2020 година потрошувачите од ЕУ купиле приближно 420 милиони електронски уреди, а во просек секој Европеец поседуваат по три полначи за овие електронски уреди, од кои редовно користи два.
Од друга страна, 38 отсто од потрошувачите изјавиле дека имале проблеми со пронаоѓањето достапен компатибилен полнач на нивните уреди.
За да се решат овие проблеми, на 23 септември 2021 година, Европската комисија поднесе Предлог за воведување универзален полнач во ЕУ.
По разгледувањето од страна на земјите членки и Европскиот парламент, Директивата за стандаредн приклучок за полнење беше усвоена на 29 јуни 2022 година.
Ново на Сител
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
-

Македонија со рекордна делегација од 130 учесници на Медитеранските игри Таранто 2026
