Санкции за нефер практиката на трговците со „надувани“ цени на храната
Трговците повеќе нема да смеат да бараат надоместок од добавувачите за некој прехранбен или земјоделски производ да биде поставен на одредена полица, ниту пак, од добавувачот да бара да му ги надомести трошоците за маркетинг или за евентуалните попусти и акциии. Ова се само дел од практиките што ќе бидат санкционирани со Законот за нефер практики кој денеска ја помина првата фаза во Комсијата за европски прашпања.
Како што тврдат од Владата, со овој закон ќе се обезедат фер цени за производите што најчесто ги купуваат граѓаните и ќе се спречи несразмерно богатење на трговците кои набавуваат директно од производителите на храна и земјоделски прозиводи.
Опозицијата вели дека законот генерално е прифатлив, но дека има многу малку одредби што директно се однесуваат на заштита на крајните потрошувачи. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека закнот е задоцнет за да ја спречи инфлацијата и најавуваат амандмани во второто читање
Со предлог-законот се предивудва за набавката на земјоделски и прехранбени поризводи да се склучува исклучиво писмен дговор. Нарачките на лесно расиплива храна нема да можат да се откажат по истек на одреден рок, не смеат да се менуваат условите на нарачката и слично.
Контролата ќе ја прави Комисијата за заштита на конкуренцијата. Глобата за прекршоците ќе се движи од 1000 евра за малите трговци, до 20.000 за големите.
-
Kaтерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар