Македонија
13. March 2024 - 16:04

Скопјанец прободен со нож на Бит Пазар

На 12.03.2024 во 17,20 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар во Скопје две лица со остар предмет нападнале друго машко лице и му нанеле убодни рани, соопшти МВР.

Повредниот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки било утврдено дека се работи за лицето Ф.К.(37) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.