Младите не се мотивирани за општествен ангажман
Никица Манџуковски е 23 годишен млад човек кој од првите средношколски денови се вклучил во граѓанска активност со цел да направи промена во заедницата во која живее. Десет години подоцна тој е програмски координатор на Младите можат – граѓанска организација чија цел е да ги мотивира младите повеќе општествено да се ангажираат.
Но, наспроти оптимизот на Никица стојат истражувања што покажуваат дека младите не се многу мотивирани за некаков општествен ангажман. Последниот анкетен лист на Институтот за комуникациски студии за граѓанска вклученост на младите покажува дека само половина од младите на возраст од 18 до 29 години биле вклучени во некаква волонтерска активност заради решавање на локални проблеми. Иако речиси 40 отсто од нив гласаат на избори, а 17 отсто тоа го правата повремено многу малку се решаваат директно унедуваат да се гласа или пак, да финасираат политичари
Фондацијата Вестминистер пак, утврдила дека дури 1/3 од младите во Македонија не се задоволни од своето место во општеството бидејќи нивниот глас не се слуша.
Они кои се активни или пак, работата со млади забележуваат дека далеку се од директно влијание врз оние што ги носат одлуките.
Во Леад утврдиле дека клучни за да имаме активни млади луѓе се училиштата.
Она што е позитивно е тоа што оние кои еднаш ќе преземат некоја општествена акција, ќе напишат петиција, ќе конкурираат за проект или ќе побараат промена на некоја регулатива тоа повторно ќе го сторат.
Но кои се областите кои се најпривлечни за младите да се активираат граѓански? Стекнување на вештини, велат младите.
Иако видливи во јавноста, пад во активностите и ангажамнот се бележат и кај редовните ученички или студентски организации. Анализата на Вестминистер фондацијата покажува дека само 3 отсто од младите се ангажираат во нив. Студендските движења во светот пак, се една од водечките сили за промени во општествата.
Прилогот е изработен во соработка со Институтот за комуникациски студии и емитуван во рамки на магазинот Детектор.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
