Ракометарите на Данска и Германија во олимпиското финале
Во финалето на ракометниот олимписки турнир ќе играат Данска и Германија.
Данците во драматично полуфинале синоќа ја победија Словенија со 31-30, додека Германците ја совладаа Шпанија со 25-24.
Данска водеше од првата до последната минута, во некои моменти и со шест разлика, но Словенија полека ја намалуваше негативата и минута до крајот дојде со само гол негатива (30-31).
Во следниот напад, Данците изнудија седмерец кој Микаел Хансен не го реализираше, а Словенија доби 15 секунди да избори продолжение. Алекс Влах беше сопрен со прекршок, Словенците бараа седмерец, но судиите досудија само девет метри дд кои Борут Мачковшек не успеа да постигне гол со истекот на времето.
Данска до победата ја предводеше Магнус Ландин Јакобсен со шест и Лукас Јоргенсен и Микел Хансен со по пет гола, а во словенечките редови најефикасни беа Алекса Влах и Дин Бомбач со по седум гола.
Данска досега само еднаш има освоено олимписко злато, во 2016 година во Рио де Жанеиро, додека во Токио беше втора.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении