Пласидо Доминго во Скопје

Еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувачот на 12 Греми музички награди, Пласидо Доминго, за првпат доаѓа во Скопје со премиерен и ексклузивен концерт на 14 март, 2025 година во арена „Борис Трајковски“, соопштија организаторите „Прагма Продукција“ во копродукција со Народна опера и балет (НОБ).
Да се присуствува на оваа музичка магија не е само привилегија, туку и уметнички мелем за сите сетила.
Пласидо Доминго го заслужи своето место во аналите на операта со ѕвездената кариера која се протега околу 50 години. Како уметник сам по себе и како член на тројцата тенори, тој стана едно од најпочитуваните имиња во класичната музика, освојувајќи безброј признанија, вклучително и 12 Греми награди. Тој продолжува да ја зацврстува својата репутација до денес пред публиката ширум светот. И како извонреден пејач и од неодамна и како диригент. Карактеризиран како ренесансен човек од страна на критичарите, награден со почесни титули и престижни награди, Доминго е и претседател на престижниот меѓународен натпревар за пеење Опералија, на кој е и основач, со цел да открие и промовира млади таленти.
Неговиот репертоар вклучува повеќе од 150 улоги, достигнување кое не го направил ниту еден друг артист, со над 4.400 настапи, а потврда за неговиот уметнички статус е фактот што тој е почитуван диригент со повеќе од 600 настапи. Бил почесен уметнички директор на Стогодишниот фестивал Арена ди Верона, како и генерален директор на Операта во Лос Анџелес и Националната опера во Вашингтон.
Заедно со него, на сцената во Арена „Борис Трајковски“ ќе застане и Марија Жозе Сири, една од водечките сопрани во светот, со богата дискографија со ЦД и ДВД снимки. Нејзиниот репертоар опфаќа дела од Белканто до Веризмо, а таа се издвојува како истакната интерпретаторка на најпознатите хероини на Верди и Пучини. Жорди Бернасер, еден од врвните шпански диригенти денес, редовно диригира во најпрестижните традиционални театри и со реномирани оркестри. Тој ја започнал својата кариера како асистент на Зубин Мехта, Жорж Претр и особено на Лорин Маазел.
Невозможно е да се набројат сите брилијантни оперски улоги кои Доминго ги остварил во својата извонредна уметничка кариера која непрекинато трае повеќе од половина век, а за ова неверојатно достигнување бил прославен во оперите во Њујорк, Виена, Верона, Милано и Буенос Аирес.
Ова е уникатна шанса на Македонија конечно да биде позиционирана на светската уметничка мапа, за на граѓаните на нашата земја – момент кој не смее да се пропушти!
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
