Стареењето некогаш се случува забрзано

Ново истражување на австралискиот Универзитет „Едит Кауан“ посочува научно објаснување дека стареењето не секогаш е постепен процес и во одредени периоди се случува „со залет“, т.е. забрзано. Некои од признаците за тоа се брчките, особено по 40-та година од животот.
Испитувањата на професорот Мајкл Снајдер од Универзитетот Стенфорд открива дека човекот најмногу старее на возраст од 44 до 60 години и овие промени потоа се видливи на неговото лице. Со проулчување 135.000 молекули и микроби, на пр., кај 108 испитаници на возраст од 25 до 75 години, забележани се промени во молекулите поврзани со кардиоваскуларни болести и метаболизам.
Во проучувањата беа опфатени различни видови молекули, како што се РНК, протеини, липиди и микробиоми во цревата, кожата, носот и устата. Забележано е дека во човековото тело во два периоди од животот има значителна промена во количината на молекули.
Според наводите, ентропијата – т.е. бавниот и неизбежен процес на стареење може да се забави со чести патувања. На нив запознаваме нови луѓе, нови животни искуства. Сѐ тоа помага во начинот и брзината на стареењето. Познатиот гастроентеролог, д-р Вил Булсиевиќ сподели уште неколку совети со коишто „ѝ се пркоси“ на доцната возраст.
– Прошетките во природа и најмалку 30 минути вежбање дневно го намалуваат стресот, го подобруваат расположението и благотворно делуваат на варењето, нагласи тој.
Според Булсиевиќ, и храната богата со растителни влакна – овошје, зеленчук, грав и семиња ни дава енергија, па со тоа нѐ прави сити и долговечни. Истражувањата се согласуваат дека овие намирници навистина носат помала опасност од срцеви заболувања, рак и други вообичаени чести причини за смрт.
Исто така, препорачливо е да се избегнува алкохол, како помалку користење телефон, компјутер и телевизор, оти времето минато пред екран може негативно да влијае и на квалитетот на сонот, стрес и депресија. На сметка на тоа, повторно се препорачува директен контакт со луѓе.
Истражувањата покажуваат дека осаменоста ја зголемува опасноста од деменција за речиси 31 отсто.
Добриот сон го поддржува имунитетот, здравјето на срцето, кожата и нивото на енергија. Недостатокот на сон, пак, од друга страна, негативно да влијае на помнењето и продуктивноста.
Ново на Сител
-

Активен пожар во село Грешница во Македонски Брод
-

Трамп изјави дека според него војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“
-

Најмалку двајца загинати и 13 повредени во експлозија крај Дамаск
-

Американски суд ѝ наложи на „Мета“ да плати 567 милиони долари за штети нанесени на младите
-

Сончево и многу топло, попладне услови за локален пороен дожд и ретки грмежи
-

Зголемен интензитетот на сообраќај, нема подолги задржувања на премините за влез и излез од државата
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
