Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања

Детето ја наследува својата интелигенција од мајката, според новите научни истражувања, пренесува српскиот портал „Задоволна“ (Zadovoljna).
Хромозомот е наследен фактор во нашите клетки којшто ги пренесува гените на родителот во неговите / нејзините потомци. Жените имаат XX-хромозоми, а мажите имаат XY-хромозоми. Според научните сознанија, нашата интелигенција доаѓа директно од многу Х-хромозомите. Со оглед на тоа што мајката има два такви хромозома, веројатноста дека интелигенцијата се наследува од мајчината страна е двојно поголема.
Хромозомите на мајката, инаку, не се единствениот фактор што им помага на децата да станат поинтелигентни. Блиското поврзување и мајчинската љубов, се вели, исто така, значително влијаат на развојот на мозокот.
Важноста на емоционалните односи за развојот на мозокот ја докажаа истражувачите од Универзитетот во Вашингтон, кои открија дека сигурноста, приврзаноста и мајчинската љубов се клучни за правилниот раст на одредени делови од телото, вклучувајќи го и мозокот. Хипокампусот е дел од мозокот поврзан со меморијата, учењето и реакциите на стрес.
Истражувачите ја проучиле врската меѓу група мајки и нивните деца во траење од седум години и откриле дека хипокампусот на 13-годишните деца чии мајки им давале емоционална поддршка и интелектуална стимулација е за 10 отсто поголем во споредба со децата чии мајки биле емоционално повоздржани, појаснува написот.
Од друга страна, пак, XY-хромозомите што ги добиваме од таткото, се одговорни за физичките предиспозиции на детето.
Ново на Сител
-

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%
-

Хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“
-

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат лица од странство
-

Министерството за правда на САД ги објави документи од истражните досиеја на Епштајн
-

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово
-

Отворање на Новогодишен базар, пристигнување на Дедо Мраз и осветлување на чаршијата во Крушево
-

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители
-

Умеров пред преговорите со САД: Безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно гарантирана
