Бизнис
14. May 2025 - 8:53

Во Стопанската комора дискусија за иднината на македонската економија

Дискусија за иднината на македонската економија насловена  „Во време на турбуленции во глобалната трговија и во финансиските текови: Патот напред за македонската економија“, денеска ќе се одржи во Стопанската комора во организација на Советот на странски инвеститори.

На дискусијата ќе говорат Џакопо Детони , главен уредник, fDi Intelligence (Financial Times), Јирген Капенман, основач и партнер, Policultancy, Зоран Јовановски, макроекономист, и Виктор Мизо, претседател на Совет на странски инвеститори, VP Government Affairs - KOSTAL Group.