Леклер очекува многу тежок викенд за Ферари во Монако

Пред една година, Шарл Леклер доживеа едно од најголемите задоволства за секој возач на Формула 1, имено победа на домашна трка. Возачот на Ферари беше двојно среќен, бидејќи негова домашна трка е во Монако, а трката во Кнежевството е онаа што секој возач сака да ја освои.
Сега, сепак, тој очекува викендот во Монако да биде многу тежок за него и за Ферари. Според него, слабостите на автомобилот на Скудерија ќе бидат откриени во Кнежевството. Тој не ја исклучи можноста за изненадувања, бидејќи во Монако поставките се најважни за квалификациите, со оглед на речиси невозможното претекнување во трката.
- Очекувам многу тежок викенд. Мислам дека Монако ќе открие многу од слабостите на нашиот тим, па не знам... но има и многу работи што не можат да се предвидат. Ризиците што ги преземате во квалификациите, поставките на болидот, кои се многу различни, па се надевам на изненадување, изјави Леклер по вчерашната трка за Големата награда на Емилија-Ромања.
Ново на Сител
-

Синдикалната минимална кошница за ноември 70.827 денари
-

Британската војска спроведува офанзивни кибер-операции против Русија, Кина, Иран и Северна Кореја
-

28-годишник од Чаир го запалил автомобилот на мајка си, се заканувал дека ќе го запали и станот
-

Спречен нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз
-

Се сопнал од кофа и паднал во необезбедено лифтовско окно – две лица и две фирми обвинети за смртта на Кристијан Љушев во Охрид
-

Поголем К-15 за работниците годинава – минималниот износ достигна 19.415 денари, рокот истекува на 31 декември
-

Србија доби еден од најобразованите парламенти во светот – пратеничките клупи ги пополнија доктори на науки, лекари и професори
-

Малезија ќе пресели десет илјади бегалци Рохинџи во Турција
