Македонија
25. May 2025 - 16:33

ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба

ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба. 

Филипче вчера од Охрид најави дека утре, на националниот совет за евроинтеграции со кој претседава ќе предложи конкретна агенда составена од како што рече најважните точки поврзани со реформскиот пат и националните интереси, за кои според него, најголемите политички партии треба да разговараат на лидерска средба.

Од СДСМ велат дека не се откажуваат. Повторуваат дека Филипче утре ќе излезе со свои предлози во духот на идејата да се биде конструктивна опозиција

Филипче и Мицкоски имаа заедничка средба на почетокот на минатиот месец. Тогаш договорија работни групи да работат на повеќе законски решенија кои се дел од реформската агенда. Меѓу нив беше и Законот за енергетика за кој од СДСМ тврдат дека и покрај конструктивната атмосфера, Владата во последен момент со амандамни го изменила во спротивност на европските вредности. 

На крајот на минатиот месец првата средба ја одржа и работната група за реформи во правосудството. Од СДСМ велат дека ги дале своите предлози, но се уште не добиле одговор обвинувајќи го министерот за правда дека доцни со овие реформи. Тој пак објасни дека неколку закони се веќе поставени на ЕНЕР системот додека во финална фаза на подготовка се уште 13 законски решенија.