Свет
26. May 2025 - 18:05

Лавров: Русија ќе продолжи да ѝ помага на Африка да ги зајакне своите одбранбени капацитети

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров најави дека Русија ќе продолжи да ги зајакнува одбранбените способности на африканските држави и ќе ја продолжи помошта за прехранбената и енергетската безбедност.

– Ќе продолжиме да им помагаме на заинтересираните африкански земји во зајакнувањето на нивните одбранбени капацитети и сузбивањето на тероризмот, обезбедувајќи безбедност на храната и енергијата, посочи Лавров на свечениот прием во Москва посветен на Денот на Африка.

Тој истакна дека трговската размена помеѓу Русија и Африка минатата година изнесувала над 27,7 милијарди долари.

Јасно е дека, со оглед на потенцијалот што го имаме, ова е далеку од границата, наведе Лавров.