Почна сослушувањето на родителите за трагедијата во „Пулс“
Започнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје. Сослушувањата се одвиваат согласно распоредот директно со семејствата на жртвите и Support Kochani. Преку исказите дадени пред јавен обвинител, членовите на семејствата ќе можат да ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон, како и директно да се информираат за тeкот на постапката и да кажат свои сознанија за настанот.
Сослушувањата ќе траат до 29 –ти овој месец.
Јавното обвинителство, согласно своите законски овластувања, во текот на целата постапка посветува особено внимание и грижа за жртвите на овој трагичен настан.
- При сите преземени дејствија и одлуки обвинителите ги имаат предвид и ги штитат интересите на оштетените. Воедно, се уште активен е и повикот на обвинителството до сите останати кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот „Пулс” – Кочани и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата, се вели во соопштението од обвинителството
Пријавите мoжат да се поднесат со пополнување на формулар, кој потоа треба да се испрати електронски на наменска адреса: istragakochani@jorm.mk.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар