Продолжува проектот за изградба на социјални станови
Продолжува проектот за изградба на социјални станови, најави претседателот ан ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Досега се изградени 680 станови и се предадени на граѓаните од ранливите категории.
-Кога станува збор за изградбата на социјални станови можам да кажам дека во изминатите години имавме голем прогрес во однос на нивната изградба и нивно доделување на граѓани од најранливите категории. Изградени се 680 социјални станови кои се предадени на граѓаните. Значи, 680 семејства во изминатите години добија станови, односно станови за лица од ранливи категории, 123 се во фаза на градба во неколку населени места, а во Гостивар во следните неколку месеци треба да започне градба и со таа бројка ќе се стигне до 800 станови, истакна Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.
Груевски за идната година најави изградба на нови згради за социјално загрозени лица во 4 градови во државата.
-Бројката со изградбата на социјални стнаови во тие четири градови ќе достигне приближно 1.000 изградени социјални станови за лица од ранливи категории, лица приматели на социјална помош, лица коишто на никаков поинаков начин не можат да дојдат до стан, рече Груевски
Овој проект е од големо значење и за лицата кои се излезени од домовите за деца без родители. Најмалку 10 проценти од становите во секоја изгадена социјална зграда се наменети за нив.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
