Македонија
7. јуни 2025 - 17:10

Поголемо внимание и прилагодена брзина на патиштата за безбедност во летната сезона

Од јуни до август лани 34 лица го загубиле животот на македонските патишта. Полициската статистика говори дека во екот на туристичката сезона минатата година, најголем број на сообраќајни незгоди со смртни последици се случиле во август. На стартот на оваа сезона безбедносни експерти од Интернационалната полициска организација повикаа на поголема внимателност кај туристите, но и на поголем ангажман на институциите за балканско безбедно лето...

Според полициските билтени лошите услови на патиштата, неприлагодената брзина и невниманието на возачите остануваа најголемиот причинител за сообраќајните незгоди.

Во ек на летната сезона и згоемената фрекфенција на возила кои транзитираат низ земјата граничните премини Табановце и Богородица, остануваат најпоблематички точки ..Туристичките агенции бараат зголемување на бројот на полициски службеници за да се реши хаосот со километарските колони на граница.

Поголеми резултати за безбедноста на македонските патишта се очекува со ставањето во функција на системот безбеден град идната година.