Сиљановска-Давкова прими американски и македонски професори кои соработуваат во областа на археологијата
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со професори од Универзитетот Хамболт од Калифорнија, предводени од професорот Ник Ангелов, Македонец по потекло и професорот Љубен Тевдовски, од Универзитетот „Гоце Делчев“, раководител на македонско-американскиот тим којшто врши археолошки истражувања на македонска почва. На средбата присуствуваа и деканката на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Емилија Петрова-Ѓоргиева и проф. д-р Верица Јосимовска, шеф на Катедрата за историја и археологија.
Како што соопшти денеска претседателскиот Кабинет, професорите ја информирале претседателката за интензивната соработка на двата универзитета на полето на археологијата и ја запознаа со вредните ископувања во реоните на Битола, Демир Капија и Охрид.
- Тие, преку презентирање на археолошките пронајдоци во странските стручни часописи и во медиумите, го промовираат македонското културно наследство, предизвикувајќи голем научен, но и поширок интерес за него, соопшти де Претседателката ја поздрави и охрабри македонско-американската научна археолошка активност, оквалификувајќи го нашето археолошко наследство како национална и цивилизациска културна вредност. Таа ја истакна вербата дека со меѓународна помош ќе ги реставрираме и направиме достапни за очите на домашната и светска јавност бројните археолошки артефакти, откриени на македонска почва, стои во соопштението.
Претседателката изразила подршка за проектот на двата универзитета, поздравувајќи ја размената на студенти, од една страна, но и важноста на археолошките пронајдоци за развојот на културниот туризам, од друга.
- Воодушевени од македонското културно наследство, американските професори изјавија дека се изненадени од археолошката разновидност, од една страна, но и од староста и слоевитоста на историјата, од друга, што е голем научен и човечки предизвик за сите нив!, информираат од Кабинетот на претседателката.
Ново на Сител
-
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид на тетовско училиште
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени