„Марш на ангелите“ во Кочани
Нашата болка е тешка, но борбата е праведна. Бараме одговорност и вистина. Ова се зборовите на мајка чиј син загина кобната коќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На „маршот на ангелите“ кој започна во 18.05 часот како симболика за задоцнетата реакција на институциите, побараа од Обвинитеството на едноставен начин, без членови и закони да им го објасни текот на постапката, зашто тие не се правници и не можат да разебрат за што станува збор.
- Сметаме дека е од суштинско значење ОЈО Кочани конечно и целосно да не запознае со исходот на истражната постапка и со содржината на поднесениот обвинителелн акт, кои лица се опфатени, а кои се изземени од одговорност, за да ги отстраниме сите дилеми кои се јавувааѕ кај нас. Неприфатливо е за нас, како најзасегнати да добиваме информации преку медиуми или неофицијални канали, изјави Марија Петрушева, мајка на загинатиот Андреј Панов
Барањето во писмена форма во понеделник ќе го достават во обвинтелство. Побараа од коалицијата „Сите за правично судење“ и Transparency international, да бидат мониторинг служба на обвинителните акти, а вистинските убијци да се изнесат пред лицето на правдата.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар