Македонија
18. јуни 2025 - 12:18

Бјере: Сега е моментумот за проширување

Сега е моментумот за проширување на Европската Унија. Оваа порака уште еднаш ја слушаме во Скопје. Овој пат од данската министерка за европски прашања која утрово имаше средба со нејзиниот македонски колега Орхан Муртезани.Министерката чија земја го презема претседателството со европската унија констатираше дека Македонија направила напредок на патот кон Брисел но дека и натаму пречка остануваат уставните измени.

Министерот Муртезани информираше за подготвеноста на земјава да ги почне преговорите и спроведувањето на акцискиот план.