Преглед на вестите од светот
Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта нападнала десетици воени цели во Иран, вклучувајќи ја и Организацијата за одбранбени иновации и истражувања (СПНД), за која вели дека е вклучена во развојот на иранско нуклеарно оружје. Иранските системи за воздушна одбрана беа активирани како одговор на „непријателски цели“ над главниот град Техеран, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.
Според одделни извештаи на државната радиодифузна агенција Исламска Република Иран, системите за воздушна одбрана на земјата соборија израелски беспилотни летала на југот од Техеран.
Иран ги продолжи своите ракетни напади врз Израел, соопшти израелската војска, а сирените за предупредување повторно се огласија рано утрово во јужниот дел од земјата.
Мисијата на Иран во ОН бара од меѓународното тело да ги осуди неодамнешните израелски напади врз различните објекти на Иран, вклучувајќи го и неговиот реактор за тешка вода во Арак претходно во текот на денот.
„Иран има се што му е потребно за да се здобие со нуклеарно оружје. Се што им треба е одлука од врховниот лидер за да го сторат тоа, а ќе бидат потребни неколку недели за да се заврши производството на тоа оружје“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Ураганот Ерик продолжи да го погодува мексиканскиот брег со обилни дождови и поплави. Ослабената бура остави трага и поплавени улици низ целата држава Гереро, а жителите ги проверуваа последиците додека властите предупредуваа дека интензивните дождови од Ерик остануваат опасни.
Ураганот предизвика штети по должината на мексиканскиот брег на уништувајќи ресторани и заглавувајќи десетици рибарски бродови.Бурата е од категорија 3 додека бурата од категорија 3, а ветровите достигнаа 250 км/ч. Ова е првиот ураган оваа сезона.
Обилните дождови ја поплавија најјужната бразилска држава Рио Гранде до Сул враќајќи ги спомените од фаталните поплави во 2024 година. Владата на Рио Гранде до Сул информираше дека поголемиот дел од северните и централните делови на државата се во црвена и портокалова тревога откако дождливото време започна во понеделник (16 јуни).
Во среда и четврток, семејствата што живеат во близина на поплавените подрачја беа преместени во засолниште, според локалната влада. Во 2024 година, од поплави загинаа најмалку 180 луѓе и принудија над 581.000 луѓе да се иселат.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар