Loading Video...
Свет
23. јуни 2025 - 12:11

Преглед на вестите од светот

Советот за безбедност на ОН одржа итен останок откако САД се придружија на израелскиот напад врз Иран и ги погодија главните нуклеарни постројки.  За време на состанокот, амбасадорот на Иран ги осуди нападите и ги обвини САД за манипулирање со Договорот за неширење на нуклеарно оружје во „политичко оружје“ што се користи како изговор за „агресија и незаконско дејствување“. Тој предупреди дека одговорот на Техеран ќе го одредат неговите вооружени сили.

Вршителот на должноста претставник на САД, ги бранеше нападите, велејќи дека Иран ги попречил преговорите и претставува растечка закана. Амбасадорот на Русија, Василиј Небензија, остро ги критикуваше САД за заобиколување на меѓународната дипломатија, предупредувајќи дека Вашингтон „ја отворил Пандорината кутија“ и ризикувал да го фрли светот во нуклеарна криза.

Инаку за денеска во Виена е закажан состанот на Меѓународната агенција за атомска енергија , поради вонредната состојба во Иран и нападите врз нуклеарните објекти.

Во повеќето големи градови низ светот се одржуваа протести по нападите на САД врз Иран, а во Техеран меѓу демонстраните беше и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

„Не е политички коректно да се користи терминот „промена на режимот“, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба повторно да го направи Иран голем, зошто да не се случи промена на режимот?“ МИГА!“, напиша Трамп на својот профил користејќи го акронимот MIGA за „Make Iran Great Again“, како алузија на акронимот MAGA, или „Make America Great Again“, што беше слоганот на претседателските кампањи на Трамп.

Шумски пожари избувнаа на грчкиот егејски остров Хиос, принудувајќи евакуација на шест градови, објави Катимерини. Градоначалникот на Хиос, изјави дека постојат три одделни фронта на пожарот, секој на значително растојание од другите, принудувајќи ги противпожарните единици да се поделат.

-Ситуацијата е многу тешка, а ветровите се исклучително силни. Хеликоптерите работат, но под тешки услови, рече тој, додавајќи дека евакуираните жители се транспортираат.

Шумски пожар избувна и на островот Евија во близина на Атина. Еден хотел беше евакуиран како превентивна мерка, објави Катимерини.

Сириското Министерство за внатрешни работи соопшти дека член на џихадистичката група Исламска држава стои зад самоубиствениот бомбашки напад во црква во Дамаск, во кој загинаа најмалку 20 лица, а 52 беа ранети, според службите за итни случаи. Ова е прв ваков напад во сириската престолнина откако силите предводени од исламистите го соборија поранешниот претседател Башар ал-Асад на 8 декември.

Спасувачките екипи ги евакуираа луѓето по нападот, кој ја оштети и црквата. Дрвени остатоци и икони беа расфрлани по подот, кој беше расфрлан со локви крв.