Aрсовска: Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на 12-катницата во Чаир, изградена без проект, на диво приклучена на струја, без платени комуналии

Данела Арсовска градоначалничката на Град Скопје на Фејсбук го објави со име и презиме сопственикот, на како што вели, небезбедната зграда изградена во Чаир, за која што таа објави вчера.
„Запознајте го Бујар Аземи, сопственикот на НЕБЕЗБЕДНАТА зграда изградена без документација, без одобрение за градење, без проект, без платени комуналии, на 12 спрата и до сега пребројани 61 стан НЕЗАКОНСКИ ГРАДЕНИ СЕГА со обид да се легализираат прикажани ЛАЖНО ДЕКА СЕ ГРАДЕНИ ВО 2011 со документација фалсификувана од Висар Ганиу и Ејуп Адеми.
Вчера Бујар Аземи фатен како дивоградбата се обидува нелегално да ја приклучи на водоводна мрежа, а која веќе нелегално ја приклучил на струја, упати БРОЈНИ СЕРИОЗНИ ЗАКАНИ за што е поднесена пријава до МВР!
Денес до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставуваме уште еден предмет со илјадници страни фалсификати и злоупотреби од Општина Чаир, каде се инволвирани повеќе функционери и вработени во општина Чаир.
Во нормални услови и нормална држава би ги повикала институциите да реагираат веднаш за заканите и насилието од криминалциве, ама живееме во Македонија, каде ако не си со тие на власт, ќе си чекаш некој да те убие зошто очигледно си знаат дека нема никој да ги спречи!!!“ – напиша скопската градоначалничка.
Ново на Сител
-

Терористички напад во Сиднеј: Најмалку 12 мртви на плажата Бонди за време на прославата на Ханука
-

Високи функционери на ЕУ го осудија терористичкиот чин против еврејската заедница во Австралија
-

Мицкоски: Темата со мигранти е непостоечка, опозицијата сака да шири страв и паника
-

По пожар во два магацини во Гази Баба пронајдено опожарено тело
-

Мицкоски: Не кажав дека трезорот ќе се затвори на 15-ти
-

Приведен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа
-

Мицкоски од Бутел: По 30 години полициските службеници добиваат нова полициска станица и соодветни услови за работа
-

Десетици илјади луѓе протестираа во Будимпешта поради скандал со злоупотреба на деца
