Лалана ја заврши кариерата

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Адам Лалана објави денеска дека стави крај на кариерата, на 37-годишна возраст.
Лалана порача дека ја завршува кариерата со огромно чувство на гордост и благодарност, пред сè на неговиот матичен клуб.
„Саутемптон … местото каде што сè започна и соодветно, каде што сè завршува. Тоа е клубот на кој му должам сè“, рече Лалана.
Минатата сезона Лалана од Брајтон се врати во Саутемптон, каде што ја почна својата кариера, настапувајќи за клубот од 2006 до 2014 година.
Во 2014 година, Лалана се пресели во Ливерпул, со кого ги освои Премиер лигата и Лигата на шампиони.
„Горд сум на мојата кариера и не жалам за ништо. Ги прифаќам сите подеми и падови бидејќи тие ме обликуваа во тоа што сум. На сите што го направија ова патување толку посебно, на секој клуб и организација, тренерите, соиграчите и секако на навивачите – ви благодарам“, рече Лалана
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
