Во Јапонија погубен „Твитер убиецот“
Такахиро Шираиши, познат како „Твитер убиец“, е погубен откако во 2020 година беше осуден на смрт за убиство на девет лица во 2017 година.
Неговата егзекуција ја означи првата употреба на смртна казна во Јапонија за речиси три години, објавува Скај њуз.
Во 2017 година, Шираиши убил девет лица, претежно жени, вклучувајќи тинејџерки, со кои претходно контактирал преку Твитер, нудејќи им помош во спроведувањето на самоубиствени намери.
Тој, исто така, ги силувал и убивал своите жртви во својот стан во близина на Токио, а го убил момчето на една од своите жртви за да го спречи да зборува за неговите злосторства.
Полицијата го уапси откако телата на осум жени и еден маж беа пронајдени во неговиот камион-ладилник.
Егзекуцијата доаѓа во време на растечки повици во Јапонија за укинување на смртната казна, особено по ослободувањето на Ивао Хакамада, затвореникот со најдолго отслужување казна во земјата, кој минатата година по 56 години во смртна казна беше ослободен поради фалсификување докази.
Министерот за правда Кеисуке Сузуки изјави дека ја донел одлуката за егзекуција на Шираиши по темелна анализа, истакнувајќи дека неговите злосторства предизвикале „голем шок и немир“ во јапонското општество.
-Не е соодветно да се укинува смртната казна додека продолжуваат да се случуваат вакви насилни злосторства – рече Сузуки.
Во Јапонија моментално има 105 затвореници кои чекаат смртна казна.
Ново на Сител
-
Иран призна голема штета на нуклеарните постројки
-
Хамас: Над 70 загинати од израелски напади во Газа за едно деноноќие
-
Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево зафати повеќе делови од земјава
-
Аплицирала за работа од дома, добила брз кредит на свое име – уапсени двајца измамници
-
Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар