Македонија
27. јуни 2025 - 16:35

Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица

И премиерот и вицепремиерот се согласуваат дека обвинителството треба да истражи дали има простор за кривична одговорност кај раководството на Државниот завод за статистика кое спроведе попис врз основа на методологија која вчера ја укина Уставниот суд.

Врз основа на резултатите од последниот попис 14 општини кај кои има значително намалување на бројот на резидентно население по овие избори ќе имаат и помал број на советници. Најкарактеристичен пример е општина Гостивар каде што ќе има 8 советници помалку.

Премиерот вели дека одлуката на Уставен во моментов не менува ништо а за новата уставна методологија ќе треба да се чека следниот редовен попис кој би се одржал за 6 до 7 години. За обвинувањата на ДУИ дека на дијаспората и се одзема правото на глас на изборрите премиерот уште еднаш ја повтори својата понуда. Брз електронски попис и една изборна единиа.

Уставниот суд вчера донесе одлука со која ја укина метдологијата која го делеше населението на резидентна и нерезидента. Укинувачката одлука значи дека од следниот попис нема да смее да се пребројува нерезидентното население и сите попишани граѓани ќе бидат во иста категорија.