Кос: Гаранција за македонските евроинтеграции е полноправното членство
Членството во ЕУ е најголемата гаранција за македонските интеграции, но уставните измени мора да се спроведат, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос од Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се одржа во Скопје.
Споредувајжи го македонскиот идентитет со нашите манастири и специјалитети, вели не треба да биде предмет на политичко одлучување. Премиерот Мицкоски пак и порача дека не прифаќа наметнувања под маската на европскиот процес – идентитетот не е само гастрономија и и традиција, туку и историските личности и настани.
Обврските за спреведување на уставните имени и неопходните реформи, Кос му ги пренела и на опозицискиот лидер Филипче, со кого се сретна на маргините на Самитот. Филипче пак повика на национално обединување за европските интеграции...
Планот за раст е клучен дел од она што се нарекува забрзана интеграција, каде што Комисијата планира да го интегрира регионот во единствен пазар, вели Кос. Дури 75 отсто од реформите кои биле побарани од земјите од Западен Балкан се завршени, а Македонија прва од регионот ги доби средствата од предфинансирањето.
На Самитот во Скопје присуствуваат еврокомесарката за проширување Марта Кос, регионални лидери, министри, како и претставници од ЕУ, меѓународни организации и институции.
Следниот лидерски состанок е договорен за на есен, а домаќин ќе биде Албанија.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар