Во Колумбија пронајдена масовна гробница со осум општествени и религиозни лидери
Обвинителството во соопштението наведува дека во април била започната итна потрага по осумте лидери по извештаите дека тие биле повикани на распит од фронтот Армандо Риос, отцепена група од Револуционерните вооружени сили на Колумбија (FARC) кои дејствуваат во тој регион на земјата.
Истрагата утврди дека двајца од лидерите биле повикани на 4 април, додека другите шестмина биле повикани три дена подоцна за да бидат „испитани“ за евентуалното присуство или создавање на друга криминална група во областа.
„Неколку дена подоцна, осумте лица наводно биле префрлени на напуштен имот“, наведоа обвинителите, пренесе ДПА.
Масовната гробница е пронајдена во рурална област на општината Каламар, околу 600 километри јужно од Богота.
Истрагата откри дека наредбите за ликцидација дошле од герилски лидер познат под псевдонимот Иван Мордиско за да се спречи потенцијално формирање на ќелија на левичарската герилска група Националноослободителна армија (ЕЛН) во регионот.
Колумбија преживеа 52-годишна граѓанска војна водена меѓу левичарските бунтовници, десничарските паравоени сили и војската на земјата, во која загинаа 220.000 луѓе, а милиони други беа раселени, потсетува германската агенција.
Во 2016 година, најголемата герилска организација, ФАРК, и колумбиската влада потпишаа мировен договор. Меѓутоа, некои отцепени групи останаа активни.
Колумбиската влада со години води мировни преговори со ЕЛН, но тие често беа суспендирани.
Марксистичко-ленинистичката герилска организација има околу 5.000 борци и е вклучена во киднапирања, трговија со дрога и рекетирање за заштита, пренесува ДПА.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители
-
Возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен 39-годишен маж
-
Приведен кумановец, бил затекнат додека палел сува трева
-
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години и три месеци
-
Приведен 44-годишен маж од Велес, турнал жена и ѝ ја украл ташната
-
Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите