Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
Голем шумски пожар избувна попладнево на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвуру, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите што се во конкретната област да се евакуираат кон Никити, јави дописничката на МИА од Атина.
Во гаснењето учествуваат 65 пожарникари со два пешадиски тима, 20 возила, волонтери, како и осум авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни од општините.
Поради пожарот во прекин е сообраќајот на возила на патот Неа Мудања – Спарти од Ормос Панагиас до Вурвуру, а од полицијата ги повикаа возачите да бидат особено внимателни и да ги следат упатствата од полицајците.
Според информациите, пожарот опфати густа шума.
Градоначалникот на Ситонија, Јоанис Малинис за порталот Вориа посочи дека ситуацијата е малку подобра, дека интервенираат голем број противпожарни сили и процени дека наскоро ќе го ограничат пожарот.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по осми пат ќе биде домаќин на Фестивалот ‘Златни денови’
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители