Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
Украинскиот правобранител Дмитро Лубинец денеска изјави дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници по наредба на највисокото воено раководство на Москва.
– Според нашите податоци, во тек се истраги за егзекуциите на 268 украински војници од страна на руските војници … Знаеме дека овој начин на постапување со украинските воени заробеници е контролиран од највисоките нивоа. За жал, ова е реалноста што ја набљудуваме, наведе Лубинец
Русија сè уште не ги коментирала тврдењата на украинските власти, а информациите не можат да бидат независно потврдени.
Лубинец претходно испрати писма до ОН и до Меѓународниот комитет на Црвениот крст поради брутално убиство на невооружен украински воен заробеник од страна на руски војници. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа маж врзан за мотоцикл и влечен по патот. Се претпоставува дека е погубувањето на украински затвореник.
Ново на Сител
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по седми пат ќе биде домаќин на Фестивалот „Златни денови“