Loading Video...
Свет
3. July 2025 - 12:15

Преглед на вестите од светот

Грчките пожарникари ја продолжија борбата со пожарот што беснееше на популарното одморалиште Крит. Гореше шумско земјиште, загрозувајќи ги домовите и предизвикувајќи евакуација на жителите и туристите од најмалку четири населби на островот. Најмалку 155 пожарникари, ги гаснат со пламените на југоисточниот брег на островот. 

Пожарот, избувна попладнето, и беше засилен од силни ветрови што ги попречија напорите за гаснење пожари, а локалните телевизиски станици објавија дека некои домови се оштетени. Нема извештаи за повредени. 

Околу 65 пожарникари и 9 авиони вчера беа распоредени за да се борат со шумски пожар во грчкото крајбрежно село Вурвуру, на Халкидики. Властите ги советуваа луѓето да се движат кон Никити.

Индонезиската агенција за пребарување и спасување утринава пронајде најмалку едно тело откако ферибот потона во Балискиот теснец. Вкупната бројка на загинати е четири лица, 23 преживеаја, додека потрагата по 38 исчезнати продолжува. Бродот потона половина час откако го напушти пристаништето Кетапанг во Источна Јава. Нема официјална изјава за националностите на патниците, но списокот објавен од новинскиот канал покажа дека на бродот немало странци. Бродот превезувал 53 патници и 12 членови на екипажот, како и 22 возила, соопшти агенцијата. Фериботите се вообичаен начин на транспорт во Индонезија, архипелаг со повеќе од 17.000 острови, а несреќите се чести бидејќи лабавите безбедносни стандарди честопати дозволуваат бродовите да бидат преоптоварени без соодветна опрема за спасување.

Локалните жители и туристите се бореа со жештината во средата во Мадрид, каде што се очекуваше температурата да достигне 39 степени. Луѓе полнат шишиња вода и се ладат на јавна фонтана во Мадрид, додека други се обидуваа да се справат со жештината пиејќи пијалоци во барови на отворено со чадори што прскаат вода. Шумските пожари убија две лица во Шпанија, а уште две лица починаа во Франција поради топлотниот бран што ја зафати Европа и предизвика затворање на нуклеарен реактор во швајцарска електрана.

Во германскиот град Келн инсталиран систем за прскање со магла кој им овозможува одмор од топлината на младите и старите. Во Минхен, луѓето се собраа во локалното место за сурфање. Областа беше повторно отворена за јавноста за време за најжешкиот ден во годината, по несреќниот случај кога пред два месеца се удави сурфер. Луѓето секоја на свој начин уживаше во водата во обидите за разладување.