Македонија
6. July 2025 - 8:11

Никола Станишиќ им се поклони на жртвите во Кочани и победи во „Ѕвездите на Гранд“

Станишиќ Никола од Скопје е победникот на регионалното натпреварување „Ѕвездие на Гранд“. Никола победи со 138 714 000 гласови, а на крај ја запеа „Бисер балкански“ и со македонско знаме ги натера сите да пеат!

Никола скоро во целиот тек на натреварувањето пееше македонски песни, а во третиот круг од финалето настапи маичка со амблем од „Македонија тагува“ и „ Од срце за Кочани“ и го испеа хитот на Д.Н.К. „Ако утре ме нема“.

Овој емотивен настап на Никола ја расплака цела Македонија, а тој на крајот од настапот го соблече палтото, ја стави раката на срце и им се поклони на жртвите од несреќата во Кочани.