Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
Во Рио де Жанеиро денес и утре се одржува 17-тиот Самит на БРИКС, на кој ќе земат учество претседатели и премиери на земјите-членки и на земјите-партнери.
На Самитот ќе се дискутира за неколку клучни теми: поделотворен систем на плаќање на БРИКС за унапредување на трговијата и инвестициите; инклузивно и етичко раководење со вештачката интелигенција (ВИ); климатска агенда за рекалибрирање на политиката за финансирање на климата; поинтензивна соработка во јавното здравство; глобална реформа на мултилатералниот мировен систем и за активностите за подобрување на институционалната структура и кохезија.
На Самитот во Рио ќе присуствуваат претседателот на Бразил, Лула да Силва, претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, како и индискиот премиер, Нарендра Моди.
Од друга страна, претседателите на Кина и на Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин, нема да бидат физички присутни. Си Џинпинг поради други обврски, а Путин поради издадениот налог за апсење од страна на Меѓународниот кривичен суд. Сепак, двајцата лидери ќе се обратат преку видео конференција.
Руската делегација на Самитот во Рио ќе ја предводи министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, а кинеската – премиерот Ли Чанг.
Земји членки на БРИКС се Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, а во јуни годинава се приклучија и Индонезија и Виетнам. Земји-партнери се Белорусија, Боливија, Куба, Казахстан, Малезија, Нигерија, Тајланд, Уганда и Узбекистан.
БРИКС плус со 20 земји сочинува 44 проценти од глобалниот бруто домашен производ и 56 отсто од светската популација.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски: Спремен сум по изборите да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот
-
Мицкоски: Се разбира дека ќе нема данок за немажени и неженети, но ние тивко исчезнуваме и тоа поминува незабележано
-
Во Пониква заврши првата фаза од рехабилитацијата на повредените во дискотеката Пулс
-
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол
-
Руската ПВО соборила 120 украински дронови
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл
-
Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите