Македонија
6. July 2025 - 8:52

На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 до 40 минути.

-На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. 

Автомотосојузот препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. 

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопшти АМСМ