Македонија
7. July 2025 - 14:20

17-годишен битолчанец со автомобил удрил велосипедист и тешко го повредил

На 06.07.2025 во 19.15 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Битола и велосипед, управуван од Г.М.(49) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.