Македонија
8. July 2025 - 16:38

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи ВРЕДИ уште во првиот круг

ВМРО-ДПМНЕ ќе им даде поддршка на кандидатите на ВРЕДИ уште во првиот круг бидејќи верува дека ДУИ треба да биде поразена и да замине во политичката историја. Иако нема официјален договор, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека разговорите одат во добра насока.

И додека македонските партии имаат промовирано повеќе десетици кандидати, во албанскиот блок официјални промоции се уште нема. Последните неофицијални информации говорат дека Зијадин Села веројатно ќе прави нов обид да стане градоначалник во Струга а на патот ќе му застане Менди Ќира кој иако се најавува како независен извесно е дека ќе добие поддршка од Вреди.

Интересен дуел ќе има и во Кичево каде Министерот Лимани ќе се обиде да го смени Фатмир Дехари.

Финишираат и разговорите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Партиите ќе имаат посебни советнички листи а ќе си дадат поддршка во одредени општини. Начелно договорени се Куманово и Центар но постои можност ЗНАМ да добие шанса во Крива Паланка или некоја друга помала општина.

Изборите веројатно ќе се одржат на 19 октомври. Вториот круг, онаму каде што ќе биде потребен ќе се одржи на 2 ноември.