Македонија
9. July 2025 - 12:27

Приведен газдата на депонијата во Визбегово, еден пожарникар повреден при интервенцијата

Денеска (09.07.2025) во 09.16ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот.

За време на интервенцијата еден пожарникар од Бригадата за противпожарна заштита е повреден и пренесен за укажување лекарска помош.

Полицијата го уапси и сопственикот на депонијата која гори повеќе од два часа кај Визбегово.

Во моментот на приведување, сопственикот даде отпор на полицијата по што настана и физичка пресметка.