Македонија
11. July 2025 - 15:10

Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска е физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени и вербални закани од повеќе лица.

Информацијата ја потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде соопштија дека инцидентот се случил на улицата Кумбара“, а случајот бил пријавен во СВR Скопје во 12:15 часот.

-На 11.07.2025 во 12:15 чaсот од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.Кумбара" физички била нападната градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош, информира МВР.