Loading Video...
Свет
14. July 2025 - 12:19

Преглед на вестите од светот

Шефовите на дипломатиите на Русија и Кина, Сергеј Лавров и Ванг Ји, разговараа за перспективите за завршување на војната во Украина и односите со САД. Двајцата први дипломати ја потврдија својата силна меѓусебна поддршка за прашањата што се однесуваат на фундаменталните интереси на Москва и Пекинг, вклучувајќи ја заштитата на суверенитетот, територијалниот интегритет и националното единство во целата негова регионална и етничка разновидност.

Лавров и Ванг Ји - разговараа и за односите со САД и перспективите за решавање на украинската криза“, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Кина и Русија во февруари 2022 година прогласија стратешко партнерство без ограничувања, при посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Пекинг.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за сè поголем тероризам врз цивилите во неговата земја, известувајќи дека најмалку 1.800 беспилотни летала биле лансирани врз Украина во текот на изминатата недела. Истовремено, украинскиот лидер ја пофали украинската противвоздушна одбрана.

Русија неодамна значително ги засили ноќните воздушни напади врз помалиот сосед и речиси секој ден ја напаѓа Украина од воздух. Во средата руските воени сили го изведоа својот досега најголем напад со беспилотни летала врз украинска територија, при што Украина пресретна повеќе од 700 дронови.

Разиграни китови можеа да се видат како ги покажуваат своите перки и скокаат од водата покрај брегот на Рио.  Истражувачите, ги истражуваат причините за нивното рано појавување. Еден од факторите е животната средина која може да биде причина за промената на популацијата на китови покрај брегот на Рио.

Индустријата за набљудување китови, иако нова во Рио, веќе почна да поттикнува врска помеѓу локалното население и овие величествени суштества. Така се организираат тури за набљудување китови кои добиваат на популарност, тие обезбедуваат економски придобивки за крајбрежните заедници, а воедно ја промовираат свеста за зачувување на морските животни, според опсерваторијата за китови.