Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села
Гостивар, Сарај и Врапчиште ќе бидат општини за Арбен Таравари. Извори од неговото крило во партијата велат дека договорот е на овие места фронтот на Ахмети да на кандидира свои градоначлници. Истите извори за Сител велат дека се уште се прогвара за можноста Таравари да ги предложи кандидатите за градоначалници и на Теарце и Дебар. Веќе е договорено Таравари да оди со свои советнички листи кои по изборите ќе станат дел од коалицијата на Ахмети.
Три сигурни кандидатури има договорено и Села. Самиот тој се уште се мисли дали да биде кандидат во Струга а веќе се познати и неговите предлози за Дебар и Арачиново.
ДУИ во Чаир се очекува да истрча со Бујар Османи а во Тетово со Бајрам Реџепи.
Во Вреди речи си сигурно е дека актуелните градоначалници на Тетово и Чаир ќе добијат шанса за нов мандат.
Во македонскиот блок веќе има стотина кандидатури. Најголемиот дел од нив се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Партискиот лидер задоволен
СДСМ промовираше 20тина имиња но и натаму нема кандидат за Град Скопје. Во игра се неколку имиња но официјални информации не може да се добијат. За нив денеска не беше расположен ниту координаторот на пратеичката група во Собранието
Локалните избори најверојатно ќе се почнат на 19 октомври. Вториот круг онаму каде што ќе биде потребен ќе се одржи две недели подоцна, на 2 ноември.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар