Loading Video...
Свет
15. July 2025 - 12:20

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе дистрибуираат воена опрема вредна милијарди долари во Украина. На средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп потврди договор со членките на НАТО, главно од Европа, за испорака на „висококвалитетно“ оружје за помош на Украина, вклучувајќи ракетни системи „Патриот“, за кои рече дека ќе бидат испратени во земјата „во рок од неколку дена“ и дека сојузниците ќе платат за нив.

Тој објасни дека земјите-членки на ЕУ и НАТО ќе ги испратат своите системи „Патриот“ во Украина, а дека САД ќе испратат замена во тие земји. Трамп, исто така, рече дека САД ќе воведат 100 проценти санкции врз Русија ако не се постигне договор за прекин на огнот во војната во Украина во рок од 50 дена. Тој рече дека е „многу, многу незадоволен“ од Русија. Притоа напомена дека Москва мора да ја врати руската економија на вистинскиот пат и дека Русија има „огромен потенцијал“ и треба да ги користи своите ресурси за трговија, а не за војна.

Зборувајќи за Путин, Трамп рече дека „многу разговара со него“ и дека тие разговори се многу пријатни, но дека разговорот „не значи ништо“ кога ракетите погодуваат градови.

Генералниот секретар на НАТО, Руте од своја страна изјави дека Украина ќе добие „многу голема количина воена опрема“ благодарение на договорот склучен меѓу НАТО и САД. Руте конкретно спомена опрема за „воздушна одбрана, ракети и муниција

„Беше многу добар разговор. Му се заблагодарив на Трамп за неговата подготвеност да ја поддржи Украина и за понатамошна соработка со цел да се запре убивањето и да се воспостави траен и праведен мир“, напиша Зеленски на Телеграм.

Состојбите во Украина, Грузија и на Блискиот Исток и новиот Пакт за Медитеранот ќе бидат главни теми на денешниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија со кој ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

Министерството за здравство на Газа објави дека најмалку 120 тела се доставени во болниците во Појасот Газа во последните 24 часа, додека 557 лица се повредени во истиот период. Министерството објави дека од 18 март, кога не успеа обидот за враќање на прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, најмалку 7.568 Палестинци се убиени, а 27.036 се повредени.