Македонија
20. July 2025 - 19:39

Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром

 Во 23.05 часот вчеравечер  во Скопје на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.З.(52) од Скопје, а по претходна пријава дека околу 20.45 часот при семејна веселба се слушале истрели од огнено оружје.

На местото на настанот полициски службеници извршиле преглед и го затекнале Е.З. како испукува во воздух од огнено оружје.

Пронајдени и одземени се гасен пиштол марка „Екол Специјал 99“ калибар 9мм и гасни куршуми. Исто така пронајдени се и испукани чаури и подигнати за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопштија од МВР.